Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирусот. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид – центарот д-р Гзим Нуредини
-Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка, информираше Нуредини.
И понатаму останува висок бројот на луѓе кои имаат потреба од прегледи поради симптоми на Ковид-19.
-Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се потенцијални пациенти кои ќе бидат примени.
Вчера сме имале 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиваат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши по две недели, но не знаеме на есен како ќе биде, рече докторот.
Тој како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број пациенти, дел од нив да биде однесени Инфективната клиника во Скопје. Така, според него, нема да има потреба од реорганизација.