Пајак служба, инспектори и опструкции од Град Скопје кон организаторите на новогодишниот настан „Зимзоленд“ во општина Аеродром и кон граѓаните кои доаѓаат на настанот. Организаторите велат дека од почетокот на декември, впрочем отткако е започнат настанот се соочуваат со секојдневни закани за дислоцирање на куќарките, целосно дислоцирање и забрана на целиот настан, објави 24 Вести.

„Зимзоленд“ е граѓанско здружение, а оттаму велат дека во моментов нема финансиска поддршка од ниту една институција, компанија. Иако е на подрачје на општина Аеродром, во самата организација не стои општината иако од општината имаат поддршка во рамки на нивните надлежности.

„Најнов проблем, единствениот слободен паркинг кој со години е слободен не само за поситителите на Зимзоленд, туку и за жителите на Аеродром-затворен е на еден груб начин со бетонски столбови, што ги поставуваат по автопати како за време на војна. Има дежурни инспектори од Град Скопје 24 часа на паркингот за да проверат дали некој ќе влезе пеш или со возило и изрекуваат казни. Градот Скопје-не почитуваат ниту опомена. Доаѓаат и веднаш изрекуваат глоби, се закануваат и ги бркаат поситителите. Не знам зошто ни прават толкави опструкции, кога можат да дојдат и да ја збогатиме програмата. Просторот каде е организиран целиот настан, со одлука на Влада е даден на користење општина Аеродром и Град Скопје сепак нема ингеренции на оваа територија. За нивните опструкции и пречекорувања на нивните овластувања, ние имаме ангажирано адвокат за наша заштита и за кривична одговорност за се’ она што не е во нивна надлежност.“ – Атанас Стојковски „Зимзоленд“ .

Организаторите побарале состанок со претставници од градот и да најдат заедничко решение за програмата да се реализира до предвидениот датум.

Од Град Скопје, побаравме но не добивме став. Додека пак, за тоа дали Скопјани ги очекува новогодишна програма во организација на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска во последното гостување на Тв 24 кратко одговори дека наскоро ќе се излезе со детални информации.

„Ако единствениот проблем што го имаме е новогодишното украсување, да се вложиме и тоа да ни биде единственото нешто што ќе го правиме годината. Ние имаме толку суштински проблеми.“ – Данела Арсовска градоначалничка на Град Скопје.

Според податоците на организаторите, од почетокот на демекрви досега „Зимзоленд“ има повеќе од 40 000 посетители. Истите доаѓаат и од други градови..

Организаторите појаснуваат дека концептот на настанот е новогодишен базар, новогодишна програма, со најразлични штандови, за храна, пијалоци, сувенири, рачни изработки, луна парк, музичка и театарска програма, едукативна програма за најмладите. Настанот е предвиден да трае до 19.01.2025 година.

„Возрасните да бидат послушни, а децата умни, радосни и весели!“