Човек на ДУИ, поранешен функционер на повеќе државни функции, ја пробил акцијата на МВР, којашто почна во неделата и сè уште трае, објави Плусинфо.

Станува збор за акција на полицијата за разбивање насилни криминални групи во Скопје и во други градови во земјата.

Поранешниот функционер на ДУИ лиферувал критични информации за акцијата планирана за во вторник, па поради тоа таа морала да почне во неделата во вечерните часови.

И покрај тоа, во акцијата, во која се таргетирани криминални групи главно од Арачиново, Дуќанџик и од Грчец, веќе има уапсени, а дел од нив признале тешки кривични дела, меѓу кои и убиства.

Според сознанија на Плусинфо, поранешниот функционер од ДУИ, кој пренел информации во криминалните кругови, исто така ќе биде опфатен со акцијата на МВР.