Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Вануату.

Направена е голема материјална штета, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Британија, Франција и Нов Зеланд.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови. Очевидци укажуваат и за жртви во Порт Вила.

Од земјотресот урнати се мостови, предизвикани се свлечишта и оштетени објекти.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во близина на главниот град Вануату, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан.