Ана Седокова се јави на својот профил на Инстаграм, каде што замоли за приватност и истакна дека мора да го заштити своето дете, откако нејзиниот поранешен сопруг и кошаркар Јанис Тима си го одзема животот.

Тима го изврши самоубиството во Москва во еден хотел.

„Знаете, целиот живот разбирав како луѓе кои минуваат низ вакво нешто можат да ги споделат своите приказни. Но сега ве молам, искрено ве молам. Имам дете, тој е мал и не треба ништо да знае за ова. Не можете да замислите во каков пекол живеев последниве неколку години. Само… Морам да го заштитам своето дете од овие информации“, порача Седокова.

Полицијата не пронајде траги од насилство, па е утврдено дека се работи за самоубиство. Мошне интересно е дека Тима на својот телефон оставил порака до поранешната сопруга Ана Седокова и напишал: „Јавете ѝ се на Ана“.

Тима бил во депресивна фаза по разделбата со Седокова, нивното раскинување било доста јавно, а Летонецот често преку социјалните мрежи зборувал за својата болка.