Поради активности за санација и модернизација на главниот градски водовод, скопјани ќе останат без вода. Прекинот според информациите од надлежното претпријатие ќе запоќне во раните утрински часови со траење од 15 часа.
Единствен начин за снаоѓање со вода е купување од маркет, додека пак за техничка на населението се препорачува да си наполнат во садови.
Од претпријатието водовод и канализација велат дека овој оперативен план кога тогаш мора да се реализира кој е со цел да се подобри водоснабдувањето и зголемување притисокот за задоволување на потребите, градот константно расте како и бројот на корисници.
– Акцијата е предвидена на 21 декември, односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на секторите ЕОК, механизација и водовод ќе бидат на предвидените локации. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часаво кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. – ЈП „Водовод и канализација“.
Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, институтот за јавно здравје со свои препораки за минимизирање на влијанието.
– Препорачливо е да се наполнат резерви и истите штедливо да се трошат само за основни потреби, а да се одложат сите други активности кои не се неопходни а за кои е потребно користење вода. За одржување на хигиената препорачуваат да се користи средство за дезинфекција на раце и влажни марамчиња. Да се подготвуват оброци за кои не е потребна вода, наместо керамички да се користат садови за една употреба. – Институт за јавно здравје.
Државниот пазарен инспекторат нема регистрирано зголемување на цената на флшираната вода во маркетите низ Скопје во текот на вчерашниот ден, откако имало поплаки за минимално покачување, но не и за недоволни количини информираат од таму.