Убиство се случи рано утрово во улицата Радослав Игњатовиќ во белградската населба Калуѓерица.

Никола Станковиќ викан Пивце (27) бил убиен пред неговата куќа , а во таа прилика била ранета девојка која била со него.

Престрелката се случила утрово околу пет и пол часот. Станковиќ бил застрелан од автомобилот, а по пукањето еден или повеќе напаѓачи избегале.