На автопатот А3 во Хрватска во правец кон Србија има застој, додека на граничниот пррмин Бајаково има редица долга 20 километри.
На хрватските патишта и денеска има претпразнични гужви. Хрватскиот авто клуб (ХАК) известува дека на автопатот А3 Брегана-Липовац сообраќајот во источен правец повремено е зголемен, а на граничниот премин Бајаково во правец кон Србија колона од автомобили и камиони околу 18 километри долга.
Колоната беше долга и синоќа, а за тоа нема посебна причина освен вообичаената гранична проверка на влезот во Србија, но приливот на возила е многу зголемен поради празникот.