На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ во Казахстан.
Се урнал за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија, откако испратил СОС сигнал за помош додека бил над Каспиското Море.
Авионот потоа се упатил кон Казахстан, каде што пилотот планирал принудно да слета, но авионот се урнал во близина на аеродромот во градот Актау.
Според прелиминарните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот, а локалните власти постојано ги менуваат бројките за бројот на преживеани патници. Според последните информации, можно е 25 лица да ја преживеале несреќата.
Азербејџанската агенција АПА објави дека засега се верува дека инцидентот е предизвикан од судир на авион со јато птици, додека британската телевизија Скај њуз наведува дека авионот кој одел за Русија бил пренасочен кон Казахстан поради магла.
Дејли мејл објави дека во авионот имало 105 патници и пет членови на екипажот. Најмалку 60 од пријавените патници биле Руси.