Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев.
Бозимбаев зборуваше во интервју за казахстанската новинска агенција Тенгрињуз за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата.
Тој рече дека преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени.
Видеата покажаа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.
Tengrinews објави видео од кабината каде што се гледа како горат маските за кислород, се слуша викање на патници и човек кој неколку пати извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем).
One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024