Денеска во 11 часот и 15 минути во Бјелашница (БиХ) е пронајдено безживотното тело на метерологот по кого се трагаше четири дена.

Четири дена бројни спасувачки екипи трагаа по Мирза Туцаковиќ, вработен во Метеоролошката станица кој исчезна пред четири дена во Бјелашница кога отишол да ја преземе смената.

Безживотно тело е пронајдено на југоисточните падини на планината.

Во денешната акција за пребарување учествуваа 55 лица, четири кучиња трагачи и дронови. За жал, потрагата заврши со пронаоѓање на безживотно тело.

Претходните претреси се одвиваа во многу тешки услови поради снегот и силниот ветер, но денеска спасувачите добија помош од сончевото време.