Страшна вест го погоди мото светот. Хорор трагедија се случи на тренинг на големиот талент, седумгодишното момче Сид Вејер, кој падна од својот минимотор, а по неколкудневна борба им подлегна на повредите и почина.
Сид беше внук на Колин Вејер, кој во последните две години забележа две победи и вкупно 11 подиуми во категоријата Moto3, а оваа сезона се сели во Moto2, во кој ќе ги брани боите на тимот на Red Bull KTM Aji. Тој се прости со емотивна порака на Инстаграм од момчето.
– Сид, се бореше колку што можеше по се што се случи, но ова беше тешка и комплицирана битка која не можеше да ја добиеш. Многу сум горд што сум твој роднина и никогаш нема да ги заборавам прекрасните времиња што ги поминавме заедно. Никогаш нема да ги заборавам спомените и никогаш нема да те заборавам тебе како личност. Секогаш ќе бидеш во моите мисли. Ме мотивираше да се борам како што се бореше ти. Те сакам – напиша тој.
Малиот Сид се здоби со тешки повреди на главата во судар на затворена патека за картинг на 22 декември и оттогаш беше подложен на неколку операции во обид да му се спаси животот.
Сепак, седумгодишното момче, кое во октомври стана холандски шампион во мини-мотоцикли меѓу јуниорите во класа А, им подлегна на повредите во неделата.