Напаѓачот кој го уби сопственикот на кафаната во Јагодина, Дејан Михајловиќ (56) и рани уште едно лице, е убиен во полициска акција.
Саша Милосављевиќ (47) е убиен од полицијата во Индустриската зона во Јагодина, оваа вест ја потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани, а при обидот да го уапсат го застрелале специјалци.
– Припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа Саша Милосављевиќ (1977) во Јагодина, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани. При обидот за апсење пукал во САЈ , по што бил ликвидиран – изјави Дачиќ.