Вилата на актерот Адам Броди (на пошироката јавност познат како Сет од серијата O.C.) и неговата сопруга, актерката Лејтон Мистер (на пошироката јавност позната како Блер од серијата Gossip Girl) во Лос Анџелес изгоре во шумскиот пожар, јавуваат американските медиуми.
Палатата вредна 6,5 милиони долари е целосно изгорена, пожарот ги зафатил сите соби, а од имотот извира чад.
Двојката ја купи куќата во 2019 година. Тие живееле таму со своите две мали деца. Куќата имаше пет спални соби и шест бањи и се протегаше на три ката. Парот не се огласи, а последен пат беа видени во јавноста пред неколку дена на доделувањето на наградите Златен глобус.
Потсетуваме дека шумскиот пожар беснее во луксузниот дел на Лос Анџелес, кој уништува куќи и создава сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромни облаци чад, кои зафатија поголем дел од градското подрачје. Пожарот го опустоши луксузниот кварт на Лос Анџелес, дом на многу познати личности како Бен Афлек, Џене Аико, Том Хенкс, Мајлс Телер и други.
Се започна во вторникот околу 10 часот по локално време, кога поради брзите ветрови се прошири пожарот во дворот на станбена зграда во Палисадес. Оттогаш околу 49.000 луѓе се повикани да се евакуираат од погодените области, а повеќе од 1.400 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот.