Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на Австралија Опен, но според најновите изјави се чини дека Србинот воопшто нема убави спомени од оваа земја во изминатите години.

Тенискиот ас се наврати на 2022 година, кога не му беше дозволен влез во Австралија поради тоа што не е вакциниран, по што рече дека се сомнева на труење со храна во хотелот каде што престојувал.

„Пет дена бев сместен во хотелот во Мелбурн, а тоа траеше додека се жалев за одбиената виза за влез во Австралија. Кога се вратив во Србија, во телото имав големи количини на жива и олово, тоа мора да е од храната што ја конзумирав таму“, рече Ѓоковиќ.

Изјавата на Ѓоковиќ уште не наиде на никакви реакции од државата во која ќе се одржи првиот годинешен Грен-Слем турнир. Српскиот ас ја има седмата фаворитска позиција за трофејот.