18-годишна девојка загина кај Ќустендил во соседна Бугарија, откако автомобил удри во неколку коњи. Граѓани денеска се собраа на протест пред Регионалната управа за патишта во Ќустендил барајќи оставка од директорот.
Несреќата се случина 27- ми декември, еден час по полноќ, откако автомобилот во кој се превезувале три лица удрил во животните на патот.
Почина девојката која патувала на задното седиште. Возачот и другиот сопатник беа пренесени во болница.
Сопственикот на коњите доби домашен притвор
Окружниот суд во Ќустендил му одреди мерка „куќен притвор“ на Стојан Игов, сопственикот на коњите кои на крајот на минатата година предизвикаа тешка несреќа кај селото Јаблеково. Во несреќата загина 18-годишна девојка.
Обвинението против 70-годишниот маж е дека недоволно се грижел за животните што ги чувал, поради што дошло до тешката сообраќајна несреќа.
Жителите на селото Јаблеково, како и роднините на загинатото девојче уште еднаш побараа оставка од директорот на Ќустендилската регионална управа за патишта. Тие ја обвинуваат институцијата дека ја занемарува безбедноста на патиштата во околината и целата област и бараат безбедност од животните на патот.
За кусо време денеска имаше тензија пред Ќустендилската регионална управа за патишта, откако директорката Јулијана Божикова не се појави пред демонстрантите за да ги соопшти конкретните мерки за безбедност на патиштата на подрачјето на инцидентот.