Полицијата во Бања Лука трага по Немања Сјеница поради сомнение дека пукал во Дејан Костиќ Дела пред ресторанот „Стара Ада“.

Според неофицијални информации, Немања по пукањето побегнал и по него трагаат неколку полицајци.

Станува збор за синот на Јеленко Копрановиќ, познат како Сјеница, кој исто како и Костиќ важи за повеќекратен престапник.

Според неофицијални информации, Костиќ и Копрановиќ вечерва се судриле во ресторанот.

Друштвото на Копрановиќ славеше во ресторанот и ги имаше повеќе на масата, а Костиќ и неговата сопруга дојдоа на ручек.

Во еден момент, започна меѓусебно довикување и тепачка. Наводно, во ресторанот било извадено и оружје, а се’ кулминирало пред шанкот кога осомничениот Немања Сјеница пукал и го усмртил Костиќ.