– Најмалку десет лица загинаа, а 65 се повредени вчера во експлозија на бензинска пумпа и резервоар за гас во јеменската провинција Ал Бајда, соопшти претставник на локалната власт.

Експлозијата се случила во населбата Захер, по што се запалиле две соседни бензински пумпи и околни магацини. Бензинската пумпа во моментот на експлозијата била полна со клиенти.

Луѓето се обиделе да побегнат од запалениот комплекс. Причината за експлозијата се уште не е позната, пренесува YemenOnline.