Младата македонска пејачка Ивона Јо брои ситно до големиот ден кога ќе се соочи со сериозна операција и ќе се стави себеси пред голем животен предизвик.

Ивона неодамна за медиумите изјави дека се соочувала со тежок период, особено изминатото лето, а сега е решена да смени се’ она што и претставува товар, она што не и се допаѓа физички кај себе, а планира да го реши со операција во Турција.

За она што размислува и какви е нејзините видувања и емоции на само една недела пред да легне под нож, таа вели:

-Повели удобно смести се и повели пристап во процесот. Се надевам дека нема да судиш без да почекаш да видиш со што сѐ се имам соочено и зошто ова е единственото решение за мене и моето психофизичко здравје. 7 дена пред операцијата сакам да сумирам впечатоци и да ви се обратам вам… кои ќе го следите мојот процес и да ви кажам… Благодарам на сите пораки кои ми стигаат на адреса. Благодарам на секоја честитка и благослов за храброста. Ме чека период на борба, битка, болка, истрајност, дисциплина, стабилност. Голем број пораки стигаат и не им е јасно за што се спремам. На 21.1 одам на операција- Турција кај докторот @dremrahaslan на отстранување на вишок кожа (дермолипектомија) и липосукција 360 степени стомак, грб и раце- прва фаза.

Во мај ме очекува втора но за тоа нешто подоцна. Сега го држиме фокусот на 21.1.2025 денот кога многу работи ќе се сменат за моето физичко и ментално здравје. Благодарам @pakigram за тренинзите и знаењето со кое што ме спремаше овие месеци. @dremrahaslan е докторот кој ќе биде мој хирург. Ваша Ивона Јо

Бура од емоции и многу храброст до посакуваната цел, а со поддршката која секојдневно ја добива, сигурни сме дека оваа силна девојка ќе допре до посакуваното, одвнатре и однадвор.