Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Питомача во Хрватска.
Тешката сообраќајна несреќа се случила во средата, околу 11 часот, на државниот пат Д2.
Комбето во кое имало седум лица излетало од патот, а две лица загинале, потврдија од полициската управа Вировитица-Подравина.
Повредените се пренесени во Општата болница Вировитица, а полициски службеници го регулираат и пренасочуваат сообраќајот. На терен излегоа и пожарникари.
Loading...
Од болницата ни потврдија дека примиле пет повредени лица. Станува збор за полнолетни хрватски државјани, а тежината на нивните повреди се уште се утврдува.
Loading...