Протест за смртта на младата Фросина Кулакова започна денеска во Кавадарци, а на собирот присуствуваше нејзината сестра, Росица. Со голема болка и преку солзи, таа изјави дека случајот треба да добие вистинска правна завршница.
„Ние бараме правда за Фросина не само од убиецот, туку и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара Зоран Јованов, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа да покажат сочуство кон нашето семејство, туку кукавички се кријат и ја бришат својата јавна активност. Правда за Фросина мора да постои и овој случај не смее да се повтори“, изјави Росица.
Протестот не е ограничен само на Кавадарци. Денеска е најавен и протест во главниот град, Скопје, кој ќе започне во 17 часот пред Универзалната сала.
Иницијативата „Кој е следен“ ги истакнува постојаните проблеми со неконтролирано возење на македонските патишта и недостатокот на одговорност за трагичните случаи кои често остануваат без правна последица, при што се губат животи.