КОД направив анализа и проверка како се спроведува правдата во случаи кога ќе настрада пешак на премин на кој е прегазен од автомобил. Судските процеси траат со години, а често има и застарување на кривично дело или застарување на казната поради бегство односно недостапност на осудениот возач.
21-ВИ ОКТОМВРИ 1998-МА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН КАЈ СОБРАНИЕ
Центар на Скопје . Приквечерина. Млада жена заминува кон својот дом , на пешачкиот премин во Центарот на градот . Нејзина вообичаена рута, пат кој го поминува целиот свој живот воопшто не насетувајќи дека токму таа вечер може да биде фатална за неа. Се пали зеленото светло за пешаци на семафорот а за возилата е црвено. Зачекорува на пешачкиот премин, по само неколку чекори со голема брзина наидува автомобил.
– Иако црвеното светло значи СТОП за возачите, Горан Драгошановиќ тоа воопшто не го испочитувал. Јури со недозволена брзина од Рекорд Кон Собранието и удира во младата жена, објави КОД.Н
Брзината е толку голема и автомобилот предизвикува тешки повреди на жената која е отфрлена од пешачкиот премин. Два дена подоцна, од тежината на повредите, жртвата починала во болница.
– Оваа сообраќајна несреќа со смртни последици се случила пред две и пол децении. До денеска обвинетиот Горан Драгошановиќ Вили не одлежал ниту еден ден в затвор. Бил осуден на 6 месеци ефективна казна, но не бил во затворска ќелија. Ја напуштил државата и чекал извршувањето на казната да застари, објави КОД.
Младата жена го загуби животот од возач кој во сред центар возел брзо не застанал на црвено без воопшто да размислува дека може да згасне човечки живот заради тоа. Во тие години и покрај тоа што возачите правеа сообраќајки со смртни последици не одеа во притвор ниту пак казните беа големи. За жал неказнивоста се повторува.
А црната листа на пешачките жртви на обележани премини само се зголемува. И многу често поминуваат без казна.
Билински, Фросина, Викторија, Теодора, Симона, па повторно Фросина.
Некогаш бегство во странство ги спасува возачите од казна, но многу често и некоординираноста на институциите и спорото судство.
Бегството во странство како случајот со Драгошановиќ – веќе овозможува застареност за сообраќајната несреќа која во ноември 2014-та се случи кај Млечен ресторан во Скопје.