Тим од Министерството за здравство и скопските болници пред малку го соопшти здравствениот биланс на пациентите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека, со главната информација дека се стабилизирани. Сите пациенти се во релативно стабилна состојба.
Добрата вест денеска стигна од Турција, од болницата од Анкара, каде се згрижени шест пациенти. Кога биле примени сите биле интубирани, а веќе денеска, пет од шест се екстубирани и дишат самостојно, соопшти заменикот министер за здравство, Јовица Андоновски.
На Токсикологија во Скопје се лекуваат 18 пациенти, меѓутоа, како што соопшти директорот д-р Андон Чибишев, четворица во влошена состојба биле пренесени на интензивно лекување во КАРИЛ.
viber slika
-Од останатите 13 што останаа на Токсикологија, не сме задоволни од состојбата на уште четворица пациенти кои не се стабилни. Сите примени имаат вдишано чад и изгореници на горните дишни патишта и по телото, соопшти д-р Чибишев.
Од Министерството најавуваат дека уште неколку пациенти, кои се во потешка состојба, денеска ќе бидат испратени во странство – еден во Словенија и двајца во Полска.