Очајни што не добиле можност да се збогуваат со своите сакани, кои починаа во пожарот во Кочани, многу интернет корисници ја искажаа својата тага и го кажаа последното „Збогум“ преку социјалните мрежи.

Александар Миовски се збогуваше со своите две пријателки Стефи и Ивона од кои сподели фотографии и напиша:

„Млади луди убави полни со амбиција и страст за живот. Стефи пресреќна дека ќе лекува пациенти еден ден. Ивона со радост го чекаше денот кога ќе работи и лудува на свој начин во Хрватска покрај убав аперол и глетка од морето! Ме испративте последниот ден за Германија и ми кажавте да се гушнеме затоа што не се знае кога пак ќе се видеме со овие зборови, и баш така се случи. Почивајте во мир убавици незаборавни“.

Loading...

Тој сподели и видео од Ивона со зборовите:

„Сега си некаде на убаво место уз твоето аперолче и поглед кон Корчула кој до последен момент ти ги раскажував убавините од неа. Неделава требаше да бидеш таму. Уживај и прости ни што замина толку млада. Ивонче“.

Ивона и Стефи се дел од 59-те жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи во раните утрински часови на 16 март.

Loading...