СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

На денешен ден пред 22 години, во 1999 година во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер Радован Стојковски заедо со неговата сопруга Румена, ќерката Деспина и возачот. Синот на министерот Стојковски, Стојан, исто така беше повреден во сообраќајката.

Трагичната сообраќајка се случи на автопатот Скопје- Велес кај Катланово, кога возило управувано од норвешки мировници на НАТО се движеше во спротивен правец од дозволениот на споменатиот автопат. Откако ја предизвикаа несреќата, норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбија да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвика несреќата, во Осло во март 2000 година е осуден на шест месеци условна казна.

Стојковски беше министер од редовите на ЛДП. Норвешкиот капетан во КФОР, Один Кристијан Вестли, беше главен виновник за тешката сообраќајна несреќа на 28 август 1999 година кај Катланово, во која, покрај министерот, животот го загубија и неговата сопруга и ќерката, како и возачот на владиното „ауди“.

Капетанот беше осуден со условна казна во неговата родна земја. Врховниот суд во Норвешка, решавајќи за жалба што ја вложил норвешкиот обвинител што го водел случајот, ја потврди првостепената пресуда, со која Вестли е казнет на шест месеци затвор за убиство од небрежност во сообраќајна несреќа.

Норвешкиот капетан Вестли, возејќи во спротивен правец од дозволениот на патот Скопје – Велес директно удрил во службениот автомобил на тогашниот министер Стојковски.