Една жртва во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево, неофицијално во несреќата учествувал и Зоран Милевски – Кичеец.
Во тешката сообраќајна несреќа поради која попладнево е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, загинало едно лице, а седуммина се пренесени на лекување во гостиварската болница „Д-р Ферид Мурат“, потврди полицијата.
Според СВР Тетово, во несреќата учествувале три возила: џип „Мерцедес“, автомобил „БМВ“ и камионет, а загинатото лице било патник во камионетот.
Според информации од очевидци, порталот МКД.мк објави дека во сообраќајката учествувал и Зоран Милевски-Кичеец, кој е еден од осуденит во случајот „Рекет“.
Увид на местото на несреќата, кај Новоселски пат, вршат јавен обвинител и екипа на МВР. Сообраќајот е во прекин од 15 часот и 30 минути.