Три лица, меѓу кои две деца, беа пронајдени починати откако избувна пожар во станбена зграда во Малишева, на Косово.

Портпаролот на Регионалната полиција во Ѓаковица – Шермет Ељезај рече дека околу 12:55 часот добиле информација дека има пожар во станбена зграда во населбата „Мирдита“.

Потоа, на местото на настанот дошле надлежните полициски единици, пожарникари и екипи за итни случаи.

Според Ељезај, во објектот биле пронајдени три лица – едно возрасно лице и две деца (едно девојче и едно момче).

Потоа биле префрлени во Центарот за семејна медицина во Малишева, каде што медицинската екипа констатирала смрт.

Се додава дека пожарот е локализиран.

Медиумите јавуваат дека пожарот во станот е предизвикан од експлозија на плинска боца, а жртвите биле на возраст од 9, 12 и 35 години.