Мајка и шест деца, на возраст од три до 11 години, загинаа во експлозија што предизвика пожар во семејната куќа во Мил Хол во американската држава Пенсилванија, јавува АП.

Причината за експлозијата сè уште не е утврдена и е под истрага, а како една можност се споменува истекување на пропан, иако надворешните резервоари за гас не експлодираа, ниту, според досегашните информации, директно придонеле за експлозијата и пожарот.

Пожарникарите кои го изгаснале пожарот изјавиле дека по пристигнувањето на местото на несреќата не било можно да се спасат луѓето што биле во куќата, и дека телата на жртвите биле пронајдени дури откако пожарот бил изгаснат и зградата била претресена.