На 26 април 2026 година во 00:39 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен починат В.С. (47) од село Лаки, виничко.

Според информациите од надлежните, лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот.