Метео прогнозерот Славчо Попоски најавува нестабилен и невообичаено студен период околу празникот 1 Мај 2026 година, при што, според неговите најави, се очекуваат врнежи од дожд, а во одредени делови од земјата не се исклучува ниту појава на снег.

Според објавените метео сигнали, првомајските празници би можеле да бидат под влијание на студена воздушна маса, која значително ќе ги спушти температурите под вообичаените просечни вредности за овој период од годината. Ова би значело дека наместо пролетно и пријатно време, граѓаните би се соочиле со вистинско разочарување за оние кои планираат престој во природа.

Попоски посочува дека во деновите околу 1 Мај времето ќе биде променливо и влажно, со повремени врнежи, засилен ветер и значително посвежи утрински и дневни температури. Во повисоките планински предели, според најавите, постои можност врнежите да преминат во снег.

Иако станува збор за долгорочна најава, која може да претрпи промени, сепак метео прогнозите укажуваат дека почетокот на мај би можел да донесе нетипично студено и нестабилно време, поради што се препорачува граѓаните да бидат подготвени со потопла облека, особено доколку планираат престој на отворено.

Метеоролозите истакнуваат дека поточни и пофини прогнози ќе бидат можни како што се приближува периодот, кога моделите ќе станат понадежни и поконкретни.