Загина 19-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа во Прилеп
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа што утрово се случи на улицата „Леце Котевски“ во Прилеп.
Според информациите од ОВР Прилеп, во несреќата учествувале автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишен возач, и мотоцикл „Хонда“ без регистарски таблички, управуван од 19-годишник од селото Големо Коњари.
Мотоциклистот бил итно пренесен во Градската болница во Прилеп, каде лекар констатирал смрт.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа, а причините за несреќата се утврдуваат.

