Стефан Величковски публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Стефан учестуваше во две сезони. Во едната испадна, а во другата пајачот се откажа поради неговата полна агенда со настапи.
Пејачот остави силен впечаток во балканското препознатливо шоу, па секогаш кога има музички новитети тој знае да ги сподели со публиката. Тој е активен на социјалните мрежи, па редовно знае да сподели некоја фотографија, да сними некој кавер. Меѓутоа, кога станува збор за неговиот приватен односно љубовен живот, Стефан не открива премногу детали или барем до неодамна кога објави фотографија со својата девојка, Ана Николовска, уредник и водител на емисијата „Квадрат“.
Имено, Величковски во кусите приказни на „Инстаграм“ објави стори на кое русокосата водителка е потпрена на негово рамо, а истата фотографија ја објави и Ана на својот профил, па веднаш започнаа написите, приказните дека меѓу водителскиот – музичкиот пар има нешто повеќе од пријателство.
Тие не ги потврдија, ниту демантираа пишувањата, туку продолжија да објавуваат заеднички фотографии. Но, сега парот официјално ја овековечи врската.
Имено, Стефан ја побара Ана за сопруга, a таа секако дека кажа „да“. Запросувањето се случи во Турција, покрај Босфорот. Величковски на својот „Инстаграм“ објави фотографија како се држи за рака со Ана и го покажа свршеничкиот прстен.
„Моето најубаво добро утро и најубавата добра ноќ, те сакам бесконечно“, напиша Величковски покрај фотографијата.
Под објавата се нижеа честитки од неговите пријатели, следбеници, колеги.