По смртта на нашата Јулија Портјанко, која почина на само 38 години, уште една голема трагедија го снајде ракометниот свет во регионот. Како што јавуваат босанските медиуми, младиот ракометар на Јединство од Брчко, Александар Маринковиќ, починал денеска на 20 -годишна возраст.
Страшната вест која доаѓа од Брчко ја пренесоа сите релевантни спортски медиуми во регионот. Еден од најталентираните ракометари во Босна и Херцеговина, Александар Маринковиќ, ненадејно почина.
– Со голема тага и неверување ја примивме веста дека нашиот член, нашиот син и нашиот брат Александар Маринковиќ, најдоброто десно крило на Република Српска, не’ напушти утрово прерано и одеднаш засекогаш! Ти благодариме за секоја секунда што ја поминаа со нас! Маре, нека ти е вечна слава, објавија од Јединство.
Маринковиќ ја започна кариерата во Бјелина, а неговиот матичен клуб исто така се прости од него.
– Вест што ги погоди сите во клубот … Нашиот Александар Маринковиќ трагично почина. Почивај во мир, соколе, нека те чуваат ангелите – рекоа од РК Бјелина.