Сомнеж за организирана мрежа за рекет составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството уценувала познати скопски бизнисмени, објави порталот НетПрес.
-Луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари при што во моментот дознаваме дека е приведено лицето Михаил М. кој настапувал пред уценуваните жртви. Истиот е уапсен во ресторанот Оливе во Карпош со 5 илјади евра поткуп. Воедно во таквата мрежа бил вклучен и истражителот Вилијам Ш. кој се сомничи дека е еден од организаторите на групата, објави НетПрес.
Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите.
-Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што Виктор Димовски се спротивставувал. Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ, објави НетПрес.