Веќе во вторник, Владата ќе расправа по прашањето за воведување на енеретска криза и рњестрикции на струја кое го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Најавите се дека рестрикции во користењето на струјата нема да се однесува на домаќинствата.
Владината уредба донесена на 30 октомври, ден пред локалните избори, и која веќе е објавена во Службен весник предвидува обезбедување на непречено префрлање на пари од буџетот, како и на други извори за покривање на загубите кои се направија со дисбалансот во енергетскиот систем. Уредбата предвидува и рестрикции, но, не и за домаќинствата туку:
-Исклучување на сите светлечки реклами,
-Осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување,
-Осветлението на излозите се ограничува до минимален сигурносен обем на осветлување и/или
-Забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање на деловни и службени простории.