Две женски лица, една на возраст од 51 година и друга на возраст од 81 година се пронајдени починати на подрачјето на скопската општина Кисела Вода.
На 05.11.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје, во простории од зграда на подрачјето на Кисела Вода, била пронајдена почината Д.Д.(81) од Скопје. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
На 06.11.2021 во 01.15 часот во СВР Скопје од страна на лекар од Итната медицинска помош било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, во сопствениот дом била пронајдена почината С.С.(51), без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.