Семејство со три деца се затруло со јаглерод моноксид во Хрватска. Првичните информации велат дека причина за несреќата е тоа што и але генератор во затворен простор, јавуваат утрово хрватските медиуми.
Медицинска помош на 51-годишната жена и 49-годишниот маж им е укажана во Клиничката болница „Милосрдните сестри“, а на три деца помош им е пружена на Клиниката за детски болести
Во месноста Јастребско синоќа за малку ќе се случеше голема трагедија кога семејство беше отруено со јаглерод моноксид.
Според полициската управа во Загреб, на улицата Зелена околу полноќ било затруено петчлено семејство. Најверојатно неколку членови на семејството се затруле со јаглерод моноксид поради употреба на бензински блок во затворен простор – информираат од полицијата.
Лекарска помош на 51-годишната жена и на 49-годишниот маж им е укажана во Клиничката болница „Милосрдните сестри“, а за три деца на Клиниката за детски болести – додаваат од полицијата, посочувајќи дека увидот ќе се врши денеска.