Новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ во вонредните вести на Канал 5 за страотната несреќа во Бугарија разговараше и со поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски.

Новинарката вели дека она што е најголемо прашање е дали имало бензин во самиот автобус. Дали доколку го немало тоа во автобусот ќе дошло до ваква експлозија, дали ќе било тоа само еден судар по патот, ќе било само една сообраќајна незгода, каде ќе имало само повредени лива, но не и 46 загинати.

На ова прашање Ѓурчевски одговара дека ако во автобусот се наоѓале две туби по 25 литри, значи 50 литри нафта ако се истуриле, „тоа е рачна бомба“.

– Меѓу една од главните причини, треба да се истражи и овој дел. Најстрого е забрането во било кое патничко возило, а не во возило за јавен превоз на патници (автобус) да се превезуваат запалливи материи во туби итн. Значи, секој транспорт на запалливите материи во сообраќајот затоа се посебно обележани, затоа што се тоа опасни средства кои што можат да придонесат точно да ни се случат вакви трагедии за кои се чудиме зошто имаме такво брзо горење. Па ќе имаме, ако во автобусот се наоѓале две туби по 25 литри, значи 50 литири нафта ако се истурило, знаете што е тоа, тоа е рачна бомба.

Затоа, нагласува Ѓурчевски, на сите овие елементи истражителите треба да обрнат посебно внимание во изведување на доказите.

– Затоа што со тоа дејствие и тој што се дрзнал да внесе такви опасни материи внатре во возилото тој сторил кривично дело Загрозување на сигурноста на патниците, вели Ѓурчевски.