Владимир Милчин бара одговори за трагедијата во Бугарија, во која загинаа 46 лица.
Нема утеха за ваква трагедија. Ова не е судбина. Ова не им било пишано. Сочуствата не се доволни. Животите на македонските граѓани мора да бидат врвниот приоритет за оние кои ги бараат нивните гласови и нивните пари. Македонија стана раскапана крнтија во која е опасно да се живее, да се оди, да се вози, да се седи, да се лежи, се зборува, да се пишува…
Срам да ни е колку ниско падна вредноста на животите на нашите сограѓани…