На последниот фестивал Makfest, пејачката Marija Atanasova настапи во фустан дизајниран и декориран од дечињата од градинката Астибо и дечињата со попреченост од дневните центри и истиот беше ставен на аукција! Целта беше со собраните средства да се обезбеди климатизација за дневниот центар за лица со посебни потреби!
Настаност привлече огромно внимание и пофалби и истиот беше пренесуван од сите портали и медиуми низ Македонија!
За жал, лицето кое требаше да го плати фустанот, во последен момент се откажал од лични причини!
За среќа за дечињата, Adziko Home Center обезбеди климатизација за дневниот центар за лица со посебни потреби, да не мрзнат во овие зимски денови, а фустанот е, и ќе биде изложен до Св.Никола 19-ти Декември, низ сите продажни центри на Adziko Home Center спремен за тековна лицитација! Собраните средства ќе бидат донирани на здружението на лица со посебни потреби СПЛОТЕНИ СРЦА и наменети за тоа за што и е најпотребно во моментот! Во сите продажни центри на Adziko Home Center Штип, Гевгелија, Куманово и Скопје, се поставени и кутии за донација за децата од дневниот центар за лица со посебни потреби!
Сите заинтересирани, во порака или коментар на Adziko Home Center или Marija Atanasova можат да напишат сума за да го купат фустанот и со мал гест да помогнат на тие на кои им е најпотребно! На 19 Декември, оној кој понудил највисока сума, ќе биде новиот сопственик на фустанот и ќе биде запаметен како хуман човек кој помогнал таму каде друг не можел или не сакал!
Замолувам за масовно ширење на оваа јавна лицитација, со цел пораката да стигне до што поголем број на хумани сограѓани! 🙏