Државата го води како жив, но судот поверувал во лажни документи и умреница, па имотот на 80-годишен жител во тетовско завршил во рацете на комшијата. Со ваква пријава, во тетовската полиција стигнал наводно починатиот тетовец за да ги пријави соседот и адвокатот за кривично дело.
„Полицијата истражува што точно се случило. Наводниот настан со фалсификувана смрт се одиграл во 2017-та година“, стои во билтенот на МВР.
„На 24.10.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И. (80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази. Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка. Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.