Се уште трае потрагата по телото на брутално убиеното девојче Данка Илиќ (2) во околината на Бор.

Двегодишната Данка Илиќ, чие исчезнување беше пријавено на 26 март, е жртва на сообраќајна несреќа, но и на монструозно злосторство што го извршиле двајца сторители кои нејзиното тело го фрлиле на дива депонија, а полицијата се сомнева дека еден од осомничените потоа телото го пренел на друга локација.

Адвокатот Предраг Савиќ денеска изјави дека е можно да се гонат осомничените за нејзиното убиство врз основа на досега собраните докази, дури и ако телото на двегодишната Данка не биде пронајдено, пренесува Блиц.

– Ги имаме признанијата на сторителите, соучесници во прикривањето на делото кои се од потесниот семеен круг, имаме и многу други докази поврзани со сообраќајната несреќа, крв на автомобилот, асфалтот… Можно е да се изврши едноставна или 3Д реконструкција на настанувањето на сообраќајната незгода, од која ќе се види дека била таква што не можела да предизвика смрт бидејќи се движеле со брзина од 20 километри. Врз основа на сите овие докази, голема е веројатноста Данка Илиќ да е убиена на начин како што признал еден од обвинетите – изјави тој.

Савиќ напоменува дека би било добро во кривичната постапка да се пронајде телото, да се изврши обдукција, да се изврши судско-медицински преглед и да се докаже причинско-последичната врска помеѓу повредите и смртта.

Како што рече, модерната технологија и сите досега собрани докази овозможуваат кривично гонење на осомничените, но посочува дека квалитетот на доказите би бил посилен и поверодостоен доколку телото се најде.

На прашањето дали тој лично е за воведување на смртна казна за најтешките кривични дела како што е убиството на двегодишното девојче, Савиќ одговори дека како маж и родител е, но дека како адвокат смета тоа е многу тешка, речиси невозможна мисија.

Да потсетиме, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор, а двајцата се вработени во јавното комунално претпријатие Водовод.

Јанковиќ е обвинет дека со службеното возило удрил девојка во улицата „Радомир Путника“ во Бањско Поље, а Драгијевиќ потоа го задавил девојчето.