Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март додека со мајка и била во Бањско Поље во викендица. Следуваше голема потрага. По десет дена беа уапсени двајца работници од ЈП Водовод,нДејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

– Сè што кажав претходно се оствари. И обвинителството и високите полициски функционери се експонираа во медиумите и на тој начин сакаа да ја величат нивната работа, која на крајот се покажа како нула. Телото не е пронајдено, а со оглед на тоа дека го преплашиле обвинетиот, од кого очигледно изнудиле изјава во полиција, човекот сега ја дочека приликата, изјави за Нова.рс српскиот адвокат Боривоје Боровиќ за случајот со исчезнатата Данка Илиќ.

Боровиќ го коментираше сослушувањето на Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на исчезнатото девојче. Јанковиќ негираше дека дури и го видел девојчето, а камоли дека ја удрил со службено возило.

– Денес, 04.06.2024 г. во просториите на Вишото јавно обвинителство во Зајечар беше сослушан осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој целосно го негираше извршувањето на делото – се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство Заечар.

-Ако некогаш признал, по убиството на братот на Драгијевиќ се откажал од признанието. Тој ја искористи можноста сега да тврди дека неговата претходна изјава била принудена под тортура. Кога слушна дека му се заканува доживотен затвор за тешко убиство, го имаме овој пресврт, тврди адвокатот.

„Нема повеќе докази“

Тој смета дека нема повеќе докази.

– Веќе не можеме да кажеме дека детето е убиено. Нема никаква правна квалификација. Нема материјални траги и детето се смета за исчезнато. Не гледам причина тие да бидат кривично гонети. Овој случај апсолутно пропадна – објаснува адвокатот.

Тој смета дека во овој случај полицијата се посрамотила бидејќи телото не го нашла и по два месеци.

„Целиот случај ќе се претвори во фарса“

– Телото на Данка Илиќ нема да биде пронајдено, истрагата ќе биде запрема многу брзо, а целиот случај ќе се претвори во фарса – заклучи тој.

Да потсетиме, Данка (2) исчезна на 26 март додека била со мајка си во Бањско Поље во викендица. Следуваше голема потрага. По десет дена уапсени се двајца работници во водовод Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Сомнежите се дека со автомобил го удриле девојчето, телото го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Родителите на малата Данка изјавија дека целото семејство поминало низ емотивен пекол при потрагата по детето, но и откако дознале дека е убиена.