Судија на претходна постапка донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол.

Aдвокатот во изјава за „А1он“ вели дека ќе има посебно вештачење со кое ќе се утврди брзината на движење.

„Ќе има вештачење посебно, кое ќе утврди брзина. Меѓутоа со оглед на околностите и движењата на другите коли, не верувам дека е повеќе од 50 на час. Проблемот е што покојната нели и дечкото од Радовиш, претрчувајќи преку пешачкиот премин, нему му бил блокиран погледот од другата колона на автомобили, во тој момент се нашле пред него. Неговата реакција била во моментот исправна и брза, но прекратко за да може да застане“, рече Душко Јанковиќ за „А1он“.