Девојчето Данка Илиќ беше убиено на 26 март кога осомничените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле со службеното возило на ЈКП „Водовод“ Бор, по што ја ставиле во несвест во задниот дел од автомобилот.

Кога Данка се разбудила и заплакала, Драгијевиќ, според сопственото признание, ја давел со рацете додека не престанала да дише, а потоа заедно ја фрлиле на депонијата.

Овој страшен настан привлече големо внимание кај јавноста, но и кај правните експерти. За целата ситуација проговори познатиот српски адвокат со македонско потекло. Тома Фила.

– Не можам да зборувам за тоа, не знам ни какви се наодите и што се работи воопшто во моментов. Важно е да се открие дали во автомобилот, службеното возило со кое се движеа осомничените, дали постојат и дали се пронајдени траги од крв од двеојчето и ДНК на девојчето, тоа е клучното прашање. Многу е важно да се најдат индиции и добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи – изјави Фила за Република.

За потсетување, истрагата за убиството на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањско поле, се уште трае, а полицијата активно работи на откривање на локацијата каде што е закопано телото на девојчето.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар, а како што се наведува, до денес се сослушани 17 сведоци и таа фаза од истрагата е завршена, сега се чека на доставување на вештачењето на ДНК.

– Осомничените за убиството на девојчето вчера се испратени во Специјалната затворска болница во Белград, на невропсихијатриско вештачење, а од следната доказна постапка во моментов се чека на ДНК вештачењето на одземените предмети – изјавија за Курир од ВЈТ во Зајечар.

Инаку, од почетокот на постапката сослушани се 14 сведоци, како и 3 сведоци од средата до денеска. Меѓу сослушаните сведоци беа и родителите на осомничените, како и мајката и таткото на убиената Данка Ивана и Милош Илиќ, кои потврдија дека на кобниот 26 март се сретнале со осомничените за нејзиното убиство во Бањско поле, од каде девојчето исчезна.