Осум лица загинаа, а две се тешко повредени откако автобус со унгарски регистерски таблички излета на автопатот кај езерото Балатон, на 70 километри од Будимпешта, објави унгарската полиција.

Автобусот со педесетина патници, со унгарски регистарски таблички, околу 4,55 часот по локално време од засега непознати причини удрил во столб од надвозникот на автопатот, околу 70 километри југозападно од Будимпешта, објави полицијата на нивната официјална веб -страница.

Двајца патници се тешко повредени, а 46 се полесно повредени. Идентитетот и возраста на жртвите не се познати.

Претходната голема сообраќајна несреќа во Унгарија се случи во 2003 година, кога 33 лица загинаа во судир на воз и германски туристички автобус во Сиофок, на јужниот брег на езерото Балатон, 100 километри југозападно од Будимпешта.

Агенцијата Франс Прес (АФП) објави снимка која е направено непосредно по несреќата.