Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева, живее со двете ќерки и чува егзотичен миленик – кралски питон. Таа змијата ја чува дома во терариум веќе две години, а нејзиното име е Раја.
Миленикот на Агнеса не е отровен но, но може да и направи беља како што тоа се случи сега, бидејќи повремено го вади од неговото живеалиште за да си поигра и да го погали, за тој да не се чувствува осамен.
Имено, Агнеса необичното домашно милениче овој пат го зеде во прегратката за да го помилува, снимајќи го со камерата за да го покаже на нејзините следбеници.
„Раја, мојата сродна душа“ – напиша Агнеса позирајќи гордо и задоволно, додека миленикот лазеше по нејзините гради и врат. Но, за кратко време рускосата се фати за глава од тоа што набргу ја снајде.
Бидејќи кралскиот питон има многу особено однесување кога се чувствува под стрес, веројатно овој пат рептилот се почуствувал малку загрозен па, веднаш го свиткал своето тело заплеткувајки се во екстензиите на косата на Агнеса.
Помошта дојде од нејзината ќерка Вивиен која веднаш почна да ја отплеткува и се обиде да ја реши ситуацијата за да ја извлече од незгода нејзината мајка, која мирно седеше и чекаше некој колку – толку да и ја спаси грижливо негуваната коса.
Ситуацијата во домот на Агнеса сепак остана под контрола и заврши среќно, бидејќи во моментот русокосата не беше сама. Што ќе се случеше да беше поинаку и дали змијата ќе добие казна од нејзината сопственичка, останува да видиме.