Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска по новинарско прашање објасни како дошло до тоа премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски да биде исечен од заедничката фотографија.
„Ах тоа е многу интересно. На таа средба, не знам дали знаат луѓето каква е конференцијата во Минхен. Уникатно за неа е што сите лидери се затворени во една многу мала просторија и секој може да разговара со секој“, вели Петков.
Тој додава дека сите фотографии кои се направени на таа конференција се со 5-6 лидери на куп.
„Нашите меѓународни фактори и Франција и Англија и САД изјавија едно нешто и тоа треба да е јасно: Локалната корупција во сите страни на Бугарија е всушност проблем кој е и внатрешно политички. Да. И сега во мојата објава јас објавив фотографии на кои секаде беа со двајца, потоа вчера направив многу јасна објава за Ковачевски. Тоа кое се обидуваат да го направат и во РСМ и Во Р. Бугарија сите пробуваат со глупости да не тргнат настрана од разговорите, јас нема да подлегнам на овие провокации и затоа многу јасно кажувам во мојата следна објава, кој на каква фотографија е нема никакво значење. Знаете дека имам и ПР одбор кој се грижи за тоа“, порача Петков.