АХВ (Агенцијата за храна и ветеринарство) денес соопшти дека во рафт во нашите маркети може да се пронајде производ кој не ги задоволува стандардите на ЕУ. Станува збор за производот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“.
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска издаде предупредување за опасен и токсичен производ – „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, за кој апелира веднаш да го вратите од местото каде сте го купиле.
Имено, во него било пронајдено присуство на опасен пестицид хлорпирифос забранет за користење според стандардите на Европската Унија. Истиот е произведен во Италија.
Доколку граѓаните го купиле овој производ од серијата со рок на траење до 15 октомври оваа година, истиот да не го конзумираат и да го вратат таму каде што го купиле.
Сериски број/лот: 15.10.2023
Рок на употреба: 15.10.2023
Производител: GECCHELE Italy
Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy
Што претставува хлорпирифос?
Хемиското соединение хлорпирифос што го има во одредени пестициди предизвикува пречки во физичкиот и менталниот развој на децата, покажале најновите студии на научниците.
Согласно прописите на ЕУ и Светската здравствена организација , максималниот прифатливо ниво за дневен внес само во краставици е 0,05 милиграми / кг, а постои регулатива за секој земјоделски производ.
Иако во многу земји овој пестицид е забранет, сепак се користи и во земјите на Европската унија како заштитно средство за овошје и зеленчук. Научниците се надеваат дека ќе се зголеми контролата над примената на хлорпирифос во земјоделството и апелираат оваа опасна супстанција ќе биде забранета во производството на храна. Хемиското соединение е опасно пред се по здравјето на малите деца.