Репрезентацијата на Холандија на вечерашното отворање на групата во Вараждин од Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка го покажа тоа што сите го претпоставуваа дека македонската селекција без никакви проблеми ќе се пласира во втората фаза на Мундијалот.
„Лалињата“ во првиот денешен меч ја прегазија Гвинеја (40-24) и потврдија дека претставникот на Африка е убедливо најлош на првенството и дека нема да ни биде никаков конкурент за пласман на третото место, кое последно води во следниот круг.
Холанѓаните брзо покажаа кој е кој, па по десет минути имаа 10-1, со што покажаа дека има огромна разлика помеѓу екипите. Фаворитот потоа постепено ја зголемуваа разликата, без премногу да се трошат, бидејќи и не бркаа посебно голема разлика, туку повеќе сакаат да ги разиграат сите ракометари.
Македонија го игра вториот меч од денешната програма во Вараждин и тоа против главниот фаворит за првото место, Унгарија (20.30 часот). Пласман во втората фаза обезбедуваат трите најдобри селекции, кои потоа ќе вкрстат со групата Ц во која се Франција, Австрија, Кувајт и Катар.